Владата и Државна лотарија ќе организираат наградна игра

На предлог на Министерството за финансии, а за понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“, соопшти денеска Владата.

„Мерката ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи“, соопшти владата.