Кандидатот за шеф на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека сака Балканот и, како што рече, „источниот фронт на Европа“ да и бидат главни приоритети на Европската унија. Во неговото прво сослушување пред Комитетот за надворешни односи на Европскиот парламент, актуелниот шпански министер за надворешни работи оцени дека „Европската унија не може да има амбиции да биде глобален играч ако не може да ги сортира проблемите на нејзините сопствени граници“.