Ќе бидат ли покачени платите во образованието?

Совет на СОНК, архивска снимка

За денеска е најавена средба меѓу Синдикатот за образование и наука и ресорното Министерство за покачување на платите на просветните работници. СОНК бара повисоки плати за 25 насто и зголемувањето да важи од јануари 2020-та година. Во спротивно, ќе биде донесена одлука за организирање на генерален штрајк во основните и средните училишта. До сега се одржаа неколку состаноци меѓу МОН и СОНК, но не беше постигнат конечен договор. СОНК новата учебна година ја започна со предупредувачки еднодневен штрајк.