Филипче: Воведена иновативна терапија за рак на дојка

Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здавство Венко Филипче по 11-та розова прошетка „Напред розово 2019- чекори против ракот на дојка“ денеска изјави дека за првпат оваа година се спровела набавка на скапи цитостатици. Според него, благодарение на тоа на сите жени на кои им е потребна терапија после операција или без операција на карцином на дојка, сега се покриени со цела терапија што им е потребна.

„За првпат е воведена и иновативна терапија за т.н. ХЕР2 карцином на дојка и таа терапија како второлиниска ја примаат 15 пациенти. Тука се и сите тестови за пристапот да биде индивидуализиран, се внимава на најсовремените терапевтски пристапи како што е тоа во најразвиените земји во светот“, рече Филипче.

Тој порача и дека во тек е набавката на осум нови мамографи. Претседателката на здружението „Борка“ Биба Додева изјави дека 11-та година по ред ја организираат прошетката „Напред розово“, со цел да ја подигнат свесноста кај жените за навремен преглед, за да се спасат повеќе животи и да се открие ракот во ран стадиум.