Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет ги повика граѓаните на земјата да излезат и да го дадат својот глас на предвремените парламентарни избори.
„Добро утро гласачи на Косово. Денеска е денот да излезете и да гласате. Вашиот глас е значаен – гласате за себе, за вашата земја, за вашата иднина. Косово е вашиот дом“, напиша Коснет на Твитер.
За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати. Право на глас имаат 1.937.868 лица.