Гласањето на предвремените парламентрни избори во Косово започнаа утрово во седум часот без забележителни доцнења. За гласањето акредитирани се околу 33 илјади набљудувачи. На изборите учествуваат околу 25 политички субјекти, од кои 20 партии, четири кoалиции и еден независен кандидат.
За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати. Право на глас имаат 1.937.868 лица. Гласањето се одвива во 895 гласачки центри со 2.547 гласачки места.