Изборен молк во Косово

Плакати за парламентарните избори на автобуска станица во Косово

Во Косово денеска е изборен молк пред утрешното гласање на вонредните парламентарни избори. Кампањата за седмите по ред повеќепартиски избори во земјата започна на 25 септември. За гласањето акредитирани се околу 33 илјади набљудувачи.

На изборите учествуваат околу 25 политички субјекти, од кои 20 партии, четири кoалиции и еден независен кандидат. За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати. Право на глас имаат 1.937.868 лица.