Германија предлага почеток на преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија пред крајот на годината и во принцип се согласува да го започне процесот со Албанија, но без да прецизира точен датумдодека Тирана не исполни одредени услови. Во нацрт-одлуката на министрите на ЕУ за самитот на 15 октомври, во кој имала увид агенцијата Ројтерс, се вели дека „во светло на остварените реформи, европскиот блок одлучи да ги отвори преговорите за пристапување со Северна Македонија“.
Во текстот се посочува дека првата т.н. меѓувладина конференција или прелиминарна средба помеѓу земјата-кандидат и претставниците на ЕУ треба да се одржи до крајот на оваа година. Документот содржи одредени делови подготвени за Албанија, бидејќи ЕУ е загрижена за корупцијата во таа земја.
Германија претходно се спротивстави на членството на Балканот, но пратениците од Бундестагот минатиот месец гласаа за отворање разговори со Албанија и Северна Македонија. По гласањето во Бундестагот, Германија подготви нов, доверлив предлог на ЕУ, во кој Ројтерс исто така имала увид.