Во наредните неколку дена Европскиот совет ќе донесе одлука дали да ја покани Северна Македонија да отвори официјални разговори за влез во ЕУ. Таа одлука ќе покаже дали блокот може да биде храбар како младата, динамична балканска земја која тропа на нивната врата. Изборот ќе биде дали да се приврзе цврсто Северна Македонија и Западниот Балкан кон ЕУ, или да се ризикува да ги втурне во нова криза и да даде сигнал дека болните реформи не се наградени.
Ова во колумна за угледниот „Фајненшл Тајмс“ го пишува Алексис Ципрас, поранешниот грчки премиер, а сега лидер на опозицијата во таа земја. Според него, одлуката на ЕУ, веќе одложена еднаш, ќе биде клучна не само за земјата и за регионалната стабилност, туку и за она што го зборува самата Европа, нејзината безбедност и за што се залага.