Целта на Комисијата составена од претставници од нашата земја и од Бугарија, не е да ја утврди апсолутната конечна историја за што било, туку да изнајдат начин како да ги утврдат тие факти што досега постојат, не се спорни во духот на пријателство. Досега се затворени четири сериозни историски поглавја и сум задоволен како се затворени.
Ова е одговорот од премиерот Зоран Заев на прашањето поставено од Крсто Јовановски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ зошто нема тим кој ќе се спротивстави односно да има исти позиции за преговори за иднината со Бугарија која треба да ја градиме.
Аспирациите на двете земји преку своите две репрезентативни комисии, нагласи Заев, е да изнајдат решенија преку кои ќе се гради пријателството.
„Точно е дека имаме заедничка историја во минатото, точно е заради тоа што има периоди кога не постоела македонска држава, не постоела дури и бугарска држава, а имаме истории нашите дедовци, прадедовци ја негувале. Важно што потврдивме дека имаме и посебна историја, се развиваме посебно како две нации кои претендираат да бидат пријатели“, рече Заев.
Премиерот Заев со уверување дека никој не алудира на националната химна на нашата држава, а тоа, подвлече, го нема ниту во кој било договор.
Претседателот на Владата изрази очекување Бугарија и Грција да бидат авангардата, како што рече, во донесувањето на одлуката за почеток на преговори на нашата земја со ЕУ.
Тој изрази и очекување за позитивна одлука од Советот на ЕУ во октомври, кога нашата држава очекува одлука за датум за почеток на преговорите со ЕУ и дека и Бугарија и Грција ќе се заложат тоа да се случи.
„Договорите со Бугарија и со Грција ги гарантираат идентитетските прашања. Во предвечерието сме на историска одука за почеток на преговорите со ЕУ. Тече процесот на НАТО. Работиме реално, не само да нема некакви блокади од соседите, туку очекувам од двете страни да бидат „адвокати“ и да се борат да добиеме позитивна одлука за почеток на преговорите“, рече премиерот Заев во врска со пратеничкото прашање, поврзано со работата на заедничките комисии за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија, околу Гоце Делчев.
Тој ги информираше пратениците и за разговорот во Њујорк со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.