„Империја“ останува кај Лиле Стефанова

Обвинителката Лиле Стефанова

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова, и понатаму да остане надлежна за предметот „Империја“, потврдиле за МИА од Јавното обвинителство. Случајот беше нејзин предмет и кога таа беше во сега веќе поранешното СЈО.

Истрагата „Империја“ се води против Јордан Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав
Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Стефанова претходно од државниот обвинител доби овластување и за предметите на СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“, а нејзините колеги Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат „Триста“ и „Тотал“, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.