Претставници на Независниот синдикат на полицијата, на шумската, затворската и судската полиција денеска се сретнале со министрите за внатрешни работи и земјоделство, шумарство и водостопанство, Оливер Спасовски и Трајан Димковски. Претходно претставниците на синдикатот протестираа и го блокираа центарот на градот со автомобили, барајќи повисоки плати за 25 отсто иколективни договори.
Од владината прес-служба велат дека на средбата била изразена определба од страна на Владата отворените прашања да се решат низ дијалог и соработка.
Разгледани биле барањата за репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата, нивелирање на платите и овластувањата на сите полицајци во државава, за покачување на вредносниот бод за сите шумски полицајци и исплата на средствата за прекувремени работни часови, како и барањето за зголемување на платите во полицијата, шумската, затворската и судската полиција.