Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска потврди дека присуствувал на разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Украина, Володомир Зеленски, што предизвика бура, велејќи дека станува збор за легитимен разговор што се фокусирал на приоритетите на политиката на САД, пренесе „Ројтерс“.
По минатонеделната дојава од „свиркачи“, демократите го испитуваат наводното барање на Трамп до украинскиот претседател Зеленски за испитување на случајот Бајден во Украина, за време на телефонскиот повик на 25 јули, поради што и беше побарана постапка за импичмент на Трамп.
„Присуствував на тој телефонски разговор“, им рече Помпео на новинарите за време на денешната посета на Италија.
Помпео вчера се спротивстави на потегот на Претставничкиот дом на САД да добие поддршка од петмина сегашни и поранешни функционери на Стејт департментот, како дел од истрагата за импичмент на Трамп предводена од демократите, и ги обвини демократите за малтретирање и заплашување, пренесе „Ројтерс“.