СЗО: Русите помалку пијат алкохол

Потрошувачката на алкохол во Русија е намалена за 43 проценти во периодот од 2003 до 2016 година со што драстично е зголемен животниот век на руските граѓани, соопшти денеска Светската здравствена организација.Во студијата објавена денеска е наведено дека спроведувањето на сет мерки од страна на државата е извршен притисок за водење на поздрав начин на живот. Како резултат на тоа животниот век на граѓаните во Русија достигна историски пик од 68 години за мажи и 78 години за жени, се вели во извештајот.

„Потрошувачката на алкохол во Русија одамна е препознаена како еден од главните фактори за смртност во земјата, особено кај мажите кои се во работоспособниот век“ се вели во студијата.

Ограничувањата во рекламирањето, зголемените даноци на алкохол и забрана на продажба на алкохол во одредени часови во текот на денот, резултираа со намалување на смртноста во случаи поврзани со алкохол.