Анѓушев: Економските параметри годинава најдобри во последните 15 години

Кочо Анѓушев, Вес Мичел, Алексис Ципрас, Зоран Заев и Мартин Шулц на Самитот на „Економист“

Очекувам во 2019 година економските параметри да бидат најголеми во последните 15 години, како и во третиот и четвртиот квартал да продолжи растот што почна во претходни квартали, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на Самитот за Западен Балкан што денеска се одржува во Скопје во организација на „Економист“.

Нагласи дека во моментов се преговара со компании од развиениот технолошки свет за инвестиции во земјава и додаде дека ако се помине добро е можно да се привлечат над 100 милиони евра нови инвестиции.

За време на панелот, претставникот на Европската инвестициска Банка, Матео Ривелини, објави дека ЕИБ донесе одлука да додели грант во висина од 10 милиони евра, за изградба на пречистителната станица во Скопје, како форма на поддршка на реформите кои се спроведуваат во земјава.