Министерката за правда, Рената Дескоска, изјави дека се уште нема никакви поместувања меѓу работните групи за законот за Јавно обвинителство, но дека постои неформална комуникација и дека темата ќе биде отворена на средбите за измените на Изборниот законик.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека опозицијата нема ресурси да ја убеди власта во што поскоро време да се донесе Закон за обвинителство, но дека ЕУ може да интервенира.
„Опозицијата нема ресурси да ја убеди власта, но доколку ЕУ го поврзе донесувањето на овој закон со условите кои на Македонија дополнително ќе ѝ овозможат перспектива или подобар имиџ во ЕУ, тогаш може тоа ќе помогне владата да биде посериозна“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е член на работната група на опозициската партија.