За седум месеци до Антикорупциската пристигнале 785 претставки за сомежи за корупција и судир на интереси, а од нив досега се решени 169 предмети, односно за нив е донесен соодветен заклучок, реферираа денеска антикорупционерите во нивниот извештај.
Во анализата на сработеното од новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) работела и „Транспарентност Македонија“, од каде оценуваат дека „резултатите од работата на ДКСК се гледаат неколку месеци подоцна и дека тоа се должи на бавноста на институциите, но и дека Антикорупциска треба да воведе начин да отвора предмети по приоритет за да не се трошат ресурси кои и онака ги немаат.
Од Антикорупциска се задоволни од сработеното досега, но повторно се пожалија на истите проблеми, лоши услови за работа, несоодветни простории и дека сè уште чекаат електронско поврзување со 17 државни институции за побрз пристап до инфомации.
„Секој пат ќе ги спомнувам условите затоа што воопшто во периодот од седум месеци не се променети воопшто. Секој почеток си има свој турбуленции поголеми или помали мислам дека ние главната цел што сме си ја поставиле чекориме по патот да ја оствариме“, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.