Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас смета дека Договорот од Преспа е победа на дипломатијата над национализмот и можност за поблиска соработка меѓи двете земји, а Северна Македонија покажала дека е кредибилен партнер на ЕУ затоа треба да ѝ одреди датум за почеток на пристапните преговори на следниот состанок на Европскиот совет.
„Овој договор ја покажува вредноста за која се бори ЕУ. Дел од него е и членството во Европската унија. Со овој договор се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион. Северна Македонија е држава која го промовира процесот на проширувањето во рамките на европското законодавство. Тој покажува дека државата е кредибилен партнер за ЕУ и таа треба да одобри датум за преговори на следниот состанок на Европскиот совет“, порача Ципрас во обраќањето на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.