Во Скопје самит на „Економист“ за Западен Балкан

Вес Мичел и Зоран Заев се меѓу учесниците на Самитот

„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е темата на годинашното издание на Самитот на „Економист“, што ќе се одржи денеска во Скопје.

Се очекува присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари. Меѓу гостите и панелистите се македонскиот премиер Зоран Заев, поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија Алексис Ципрас и Ги Верхофштат, Мартин Шулц- поранешен претседател на Европскиот Парламент и други.

Нашата држава првпат е домаќин на настанот во организација на „Економист“, најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.