Унгарија ќе го предложи дипломатот Оливер Вархелиј за нов европски комесар за соседски односки и проширување, откако правмната комисија на Европската унија по втор пат го одби именувањето на Ласло Трочани, изјави денеска неименуван претставник на ЕУ, пренесува Ројтерс.
Комитетот на 26 септември одби да препорача официјално сослушување на Трочани и на Романката Ровани Плумб која беше кандидатка за комесарка за сообраќај.
Одборот за правни прашања на Европскиот парламент донесе конечна одлука кандидатите за идни комесари, Трочани и Плумб, дека не се соодветни да ги преземат функциите.