Од утре се укинуваат квотите за лекови

Од утре граѓаните ќе можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот, бидејќи стапува на сила одлуката за укинување на квотите за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт.

„Постарите и изнемоштени лица кои не можат да ги подигнат лековите, малолетните и оние лица кои поради некоја спреченост нема да можат да ги подигнат лековите, нема потреба да стравуваат дека ќе останат без лекарства. Со новата мерка е предвидено блиско лице на овие категории граѓани да може во нивно име да го земе лекот на рецепт“, изјави денеска директорот на ФЗОСМ, Ден Дончев, на заедничка прес конференција со министерот за здравство венко Филипче и премиерот Зоран Заев.

Според премиерот, финансиската стабилност на државата овозможила со ваков потег да се реши деценискиот проблем со недостиг од лекови.