Поранешната главна косовска преговарачка во дијалогот со Србија, Едита Тахири, изјави дека е против идејата за балкански Шенген.
За тиранската телевизија Ора њуз, Тахири рече дека ова е нео-југословенска тенденција што ќе им наштети на Балканот и на Европа.
Таа смета дека Балканот не е заинтересиран и не треба да биде заинтересиран да се обедини, да ги отвори границите меѓу себе, туку кон ЕУ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата, во вторникот, со премиерот на Македонија, Зоран Заев и на Албанија, Еди Рама, разговарал за „отстранување на низа пречки за бизнисот, како и слободното движење на луѓе, стока и услуги на Балканот“.
Владите на двете земји ја поддржуваат идејата на претседателот Вучиќ за укинување на економските бариери помеѓу Србија, Македонија и Албанија и гледаат на тоа како единствена можност да се интензивира меѓусебното поврзување и да се забрза интеграцијата на регионот во ЕУ.