Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека го отфрла барањето на Техеран Вашингтон да ги тргне сакнциите кон Иран во замена за разговори со кои ќе се намалат тензиите меѓу двете страни.
На социјалната мрежа Твитер тој напиша „Иран сака да ги тргнам санкциите воспоставени кон нив за да дојде со средба. Јас велам секако, не“.
Ваквиот одговор следува по обидите на западните земји да се обноват дипломатските канали меѓу САД и Иран за време на Генералното собрание на Обединетите нации. Ова пишување на американскиот претседател е контрадикторно со изјавите на иранскиот претседател Хасан Рохани кој рече дека САД му понудиле да ги тргнат санкциите во замена за разговори.