ЕП ги одби кандидатурите на Трочањи и Плумб

Идната претседателка на ЕК Урсула Фон дер Лајен

Идната претседателка на ЕК Урсула Фон дер Лајен

Европскиот парламент го отфрли предлогот на Урсула фон дер Лајен, Унгарецот Ласло Трочањи да биде нов еврокомесар за проширување и добрососедска политика, поради судир на интереси. Комисијата гласаше и против романската кандидатка, Рована Плумб.

Ова е прв случај комисијата да одбие кандидатура на предложен комесар, но според Европската комисија тоа не значи автоматско номинирање на нови имиња.

„Тоа што значи е дека процедурата е суспендирана за еден предложен кандидат за комесар, во однос на сослушувањето. Втората работа што ја кажав е дека процедуралните правила на ЕП предвидуваат таква суспензија и предвидуваат неколку можности што може да биде направено во овој контекст. И повеќе од јасно е дека што и да биде дискутирано ќе биде направено во блиска координација со идната претседателка Фон Дер Лајен“, изјави портпаролката на ЕК Мина Андреева.

Трочањи и Плумб имаат конфликти на интереси кои не им овозможуваат да бидат европски комесари. Ставот на Комисијата е дека не може да им бидат доделени други портфолија и дека овие двајца кандидати не се способни да ја извршуваат онаа функција.