Пендаровски: Имаме случаи на висока корупција кои биле прикривани

Претседателот Стево Пендаровски

Корупцијата е болест на општеството што остава последици врз демократијата. Потребно е системско справување со корупцијата во оваа сфера, рече претседателот Стево Пендаровски, во своето обраќање на Третата пленарната сесија на националната конвенција на ЕУ во Македонија.

„Случајот „Рекет“ е круцијален тест за правниот систем и мора да се реши до крај. Не смееме да толерираме странични влијанија. Имаме многу малку предвидени случаи за висока корупција и изречени казни. Тоа значи дека овие случаи на висока корупција биле прикривани“, истакна Пендаровски и додаде дека ја охрабрува Антикорупциската комисија да работи и понатаму.