Бундестагот за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Германскиот Бундестаг

Германскиот Бундестаг денеска и официјално треба да даде зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. На седницата, според најавите,ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. Претходно, германските владејачки партии ЦДУ и СПД се договориле да се одобри датум за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршка да дадат иЗелените. Одлуката била донесена на состанок на коалициските партнери во германската Влада. ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.