Денеска го потпишуваме договорот со еден од најреномираните светски производители на автобуси „МАН“ за набавка на новите автобуси кои ќе бидат во Скопје најдоцна за седум месеци од денот на потпишувањето на овој договор. Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси со погон на гас кои ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, соопшти денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Договорот го потпишаа скопскиот градоначалник Петре Шилегов, директорот на компанијата „Ауто Хрватска“, Марио Фебек, од која ќе бидат набавени автобусите и директорот на ЈСП, Кристијан Чушков.
Набавивени се 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници. Новите автобуси се енергетски ефикасни. Споредено со потрошувачката на старите дизел автобуси овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво што, како што рече Шилегов, дополнително ќе ги намали трошоците на работењето на ЈСП „Скопје“.
„Еден еко автобус заштедува до 25.000 евра годишно само за гориво. Најголемата предност е што емитуваат значително помалкуСО2 или речиси воопшто не го загадуваат воздухот“, рече градоначалникот на Скопје.
Станува збор за т.н. зглобен автобус на плин, кој во 2015 година ја освои титулата „Автобус на годината“.