Поддршка за членството на Македонија и на Албанија во ЕУ искажале шефовите на дипломатиите на Бугарија - Екатерина Захариева, на Грција - Никос Дендиас, на Романија - Рамона Манеску и на Хрватска - Гордан Грлиќ-Радма,н на средбата одржана во Њујорк во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации.
Како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, првите дипломатии на овие четири балкански земји членки на ЕУ на средбата направиле преглед на европската интеграција на соседните држави кандидати за членство во Унијата.
„Убедени сме дека ќе бидеме посигурни, попросперитетни и побогати, само ако сите наши соседи станат членки на ЕУ“, рекла на состанокот шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.
Таа посочила дека како што Грција своевремено им помагала на Бугарија, Романија и Хрватска во процесот на евроинтеграција, сега е време тие заедно да ги поддржат и другите држави во регионот да станат дел од ЕУ.