Макстил дематира дека поморот на риби во Вардар е поврзан со компанијата

Илустрација - реката Бардар.

Макстил АД Скопје ги демантира наводите објавени во одредени медиуми дека поморот на риби во реката Вардар на било кој начин е поврзан со производниот процес на компанијата. Сите параметри на отпадната вода се во рамки на граничните вредности, утврдени во позитивните законски и подзаконски прописи, информираат од Макстил АД по извршените хемиски анализи на отпадните води. Анализите се извршени по објавените информации во одредени медиуми, поврзани со поморот на риби во реката Вардар, Извештајот од акредитиранта лабораторија е доставен до надлежниот Државен инспекторат за животна средина. Согласно наведеното,

Медиуми претходно објавија дека реката е обоена и има помор на риби.

Надлежни органи земале примероци од водата и испитуваат со што е загадена реката. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека одговорниот за штетата ќе биде соодветно санкциониран.