Стотици илјади луѓе, вклучително и многу деца и тинејџери, денеска излегоа на протести за климатските промени низ целиот свет.
Од Сиднеј до Кабул, преку Исламабад до Берлин, деца, родители и приврзаници излегоа на улиците за да бараат властите да преземат мерки со кои ќе спречат климатска катастрофа.
Тие се приклучија на движењето што го започна младата Швеѓанка Грета Тунберг, која во текот на изминатата година организираше демонстрации под наслов „Петоци за иднината. Денеска учесниците на протестите ги бојкотираа часовите на Светскиот ден на климата, кој е предвидено да кулминира со огромни демонстрации во Њујорк, каде ООН во понеделник одржуваат меѓународен самит за климата.
На Самитот на ООН за климатски активности на 23 септември се очекува да зборува и Тунберг.