Чешката компанија ПБС за која се верува дека нејзин уред бил користен за истрелување на крстосувачките ракети во неодамнешниот напад врз нафтените постројки во Саудиска Арабија соопшти дека тоа не бил нејзин оригинален производ и оти е во прашање копија со лош квалитет. Компанијата наведе дека нема никаква врска со нападот и оти се чувствува оштетена со фактот дека во јавноста се поврзува со тоа. Одговорноста за нападите во Саудиска Арабија је презедоа шиитските бунтовници во јемен, но САД сметаат дека одговорноста е на Иран.