Ковеси доби поддршка за европска обвинителка од ЕУ амбасадорите

Архивска фотографија- поранешната романска обвинителска Лаура Кордута Ковеси

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија одлучија да ја поддржат поранешната романска обвинителска Лаура Кордута Ковеси да стане прва жена обвинителка на ЕУ. Претходно поддршка на Ковеси и даде и Европскиот парламент. Нејзин против кандидат за позицијата беше францускиот обвинител Жан Франсоа Бохнерт. Марко Руонала, портпарол на финското претседателство со Европската унија за РСЕ рече дека неформалното денешно гласање треба да биде проследено со формално гласање на Советот чија следа седница е закажана за 24 септември.