Вицепремиерот за државни прашања, Бујар Османи, објави дека во Берлин добил потврда од државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, дека германската влада во октомври ќе го поддржи додолувањето на Датум за преговори за земјата од страна на ЕУ и дека цврсто ќе го брани тој став кога за тоа ќе одлучува германскиот Бундестаг.
„Добив потврда од Министерот Рот дека Германската Влада во целост ги поддржува европските интеграции на земјата, и дека цврсто ќе застане за време на сесијата на Бундестагот во одбрана на позициите на Владата за старт на преговорите со Република Северна Македонија во октомври. Уште 26 дена до големата одлука“ објави Османи.
Во агендата на вицепремиерот Османи предвидени се неколку посети на земјите-членки на ЕУ, а во турнејата се предвидени Брисел, Берлин и Варшава.