По 25 преслушани „бомби“, ново рочиште за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, е закажано за 4-ти октомври. Сите разговори што беа преслушани денеска се правени по петкратното убиство, а најголем дел од нив се меѓу тогашни функционери, кои најмногу разговараат за истрагата и екстрадицијата на обвинитите, како и разговори на новинари, бизнисмени и една гатачка.
Обвинителката Фатиме Фетаи, по денешното рочиште, рече дека треба да се има трпени и дека детална анализа на сите докази ќе даде во завршните зборови за случајот.
„Слушнавте кои се соговорници, времето кога се одвиваат разговорите, нивната содржина. Меѓутоа, деталната анализа на сите докази, на секој поединечно, и на сите во склоп на една целина, ќе имам кога ќе дадам свој завршен збор. Во моментов не можам ништо повеќе да кажам“, рече Фетаи.