Владата не очекува проблеми со македонскиот прием во НАТО

Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа

По информациите дека приемот на Македонија во НАТО ќе се одложи поради праламентарните избори во Шпанија, портпаролот на македонската Влада, Муамет Хоџа, денеска изјави дека прашањето на приемот е веќе само техничка работа.

„Процесот на интеграција е во крајна фаза и не се очекуваат проблеми со ратификацијата во која било од земјите членки, единствено е прашање на време кога ќе се случи зависно од процедурите на институциите во земјите“, рече Хоџа.

Тој потенцира дека полноправното членство ќе се заокружи кога ќе заврши ратификацијата во сите земји членки и финално кога протоколот ќе биде ратификуван во нашиот Парламент.

„Симболично ќе биде убаво ако заврши процесот пред НАТО самитот кој ќе се одржи во декември 2019 година, за да се заокружи 30-тото полноправно членство кога НАТО прославува 70 години“, изјави владиниот портпарол, додавајќи дека Северна Македонија секако ќе учествува на Самитот на НАТО во декември и ќе седи на иста маса со земјите членки на Алијансата.