Столтенберг: Будно ја следиме ситуацијата по нападите на рафинеријата во Саудиска Арабија

Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата загрижено и будно ги следи случувањата по нападите со дронови врз нафтената рафинерија „Арамко“ во Саудиска Арабија, пренесоа новинските агенции.

„Било каков прекин на глобалното снабдување енергија претставува голем проблем за НАТО членките. Го следиме развојот внимателно и загрижено“, рече Столтенберг.

Тој ги повика сите засегнати страни да превенираат слични понатамошни инциденти, за кои тој вели дека претставуваат сериозна закана за безбедноста во регионот.

Во понеделникот, јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за нападот со дронови и ги предупредија странските компании и работниците да не се приближуваат до рафинеријата, бидејќи може повторно да нападнат. Хутите, кои добиваат поддршка од Иран повеќе пати нападнаа неколку стратешки локации на Саудиска Арабија со помош на дронови.