Трамп повтори дека е подготвен на одговор против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно „Иран стои зад нападите врз саудиските нафтени постројки“ во текот на изминатиот викенд, но додаде дека се уште е рано тоа да се тврди со сигурност. Тој рече дека САД не сакаат војна, туку се подготвени да му помогнат на клучниот сојузник во Персискиот залив кога точно ќе се утврди кој е одговорен за нападот. Иран ја отфрли вклученоста во нападите со дрнови врз нафтените полиња во Саудиска Арабија.