СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да биде контролор на обвинителството

Архивска фотографија- седиштето на СДСМ

Владејачката партија денеска преку соопштение го обвини актуелното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ дека биле послушници на нивниот почесен претседател Никола Груевски, кој е азилант во Унгарија.

„Со недели ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен притисок врз судството и обвинителството. Им кажува што и како да прават, најавува контрола врз нив и најавува документи од истраги и ја загрозува постапката за „Рекет“„ наведуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека за ВМРО-ДПМНЕ неселективната правда и еднаквоста пред законите се непознати поими, а за разлика од нив СДСМ стоело на страната на правото.

„Паниката на Мицкоски е разбирлива, бидејќи нема да ја оствари неговата единствена мисија и ќе го разочара неговиот шеф во Будимпешта, Мицкоски нема да ги заштити неговите криминали“, пишуваат од СДСМ.