Шпанската крајна десничарска партија Вокс предложи изградба на ѕид околу двете шпански енклави на северот на Африка за да се спречи илегално влегување на мигранти. Генералниот секертар на партијата Хавиер Ортега Смит изјави дека ѕидовите биле потребни за да се спречи „лавината“ мигранти кои ја уриваат пограничната ограда и илегално влегуваат во шпанските енклави на брегот на Мароко. Од почетокот на годинава досега од таму во Шпанија влегле илјадници мигранти.