Врховниот суд му го одобри на Трамп новиот закон за мигранти

Мигранти на американско-мексиканската граница

Врховниот американски суд го одобри новиот Закон за мигранти на претседателот Доналд Трамп, со кој, меѓу другото, ќе се намалат молбите за азил на американско-мексиканската граница, објави Ројтерс.

Според овој закон, мигрантите кои ќе бараат азил, првин мора да пронајдат сигурен претстој во некоја трета земја низ која поминувале до границата меѓу Мексико и САД. Судот дозволи законот да стапи на сила ,иако се во тек некои судски постапки за такви случаи.

Ваков вид на одредби го прават миграцискиот закон на Трамп прилично тврд и ригорозен, а против гласале двајца од врховните судии кои се сметаат за најлиберални во Врховиот суд, објави Ројтерс.