Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел имаше работна средба со амбасадорите на земјите-членки при ЕУ (КОРЕПЕР), во организација на финското претседавање со ЕУ, на која порачал дека е време Унијата да ѝ даде на Македонија датум за преговори.
Во дискусијата со присутните амбасадори, по неговото обраќање, Димитров уште еднаш укажал дека и покрај одредени предизвици и несовршености, земјата покажала зрелост, одговорност и силна политичка волја за реални промени и напредок.
„Македонската приказна е можност за заеднички успех со ЕУ“, рекол Димитров.
По состанокот со амбасадорите, Димитров имал излагање на настан организиран од страна на германскиот Маршалов фонд во Брисел, насловен „Од Преспа до Брисел: Патот на Северна Македонија кон европската и евро-атлантската интеграција“.