Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го претстави составот на новата европска влада кој треба да биде одобрен и од Европскиот парламент, пренесоа новинските агенции.
Унгарецот Ласел Трочани е предложен да го замени Јоханес Хан на чело на комесаријатот за проширување на ЕУ во следните пет години. Хан ќе биде задолжен за буџетот и администрацијата на ЕУ.
Во новата Европска комисија ќе има 13 жени и 14 мажи, меѓу кои осуммина досегашни еврокомесари. Тимот на фон дер Лејен има осум потпретседатели, вклучувајќи го и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Двојна функција ќе имаат тројца потпретседатели - Франс Тимерманс, Маргрете Вестагер и Валдис Домбовскис, кои ќе бидат и комесари и потпретседатели задолжени за клучните теми од агендата на Урсула фон дер Лајен. Потпретседателка на Комисијата ќе биде и Хрватката Дубравка Шуица, која ќе се занимава со демократија и демографија.
Најжестоко беше околу предлогот за Унгарецот Трочани, кој имаше жестоко испрашување во Европскиот парламент откако беше предложен од матичната земја за нов комесар. Тој се смета за близок соработник на унгарскиот премиер Виктор Орбан и за творец на новиот правосуден систем во земјата со кој беше ограничена моќта на судството, објавија новинските агенции.
Според правилата на ЕП, за одобрување потребно е двотретинско мнозинство од координатори на политичките парламентарни групи на секоја комисија.