Потребно е да се спроведе Договорот ЕУ-Турција и да има враќања на мигранти, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун во однос на мигрантското прашање и додаде дека тоа е европски проблем. „Бегалското прашање е европски проблем, не е проблем што е ексклузивно билатерален. Господинот Ердоган треба да разбере дека не е можно да им се заканува на Грција и на Европа, обидувајќи се да обезбеди повеќе средства за управување со бегалското прашање. Европа ѝ даде многу пари на Турција, шест милијарди евра во рамките на еден правилен договор меѓу Европа и Турција што е заемно корисен и за Европа и за Турција, рече Мицотакис.