Физичкиот напад врз докторoт дерматовенеролог во Клиничката болница во Тетово извршен во присуство на органите на јавен ред и мир укажува дека и покрај сите декларативни изјави,тие и натаму продолжуваат со зголемен интензитет и честота, соопшти Самостојниот синдикат на Клинички центар.
Од Синдикатот го осудија, како што посочија, овој дрзок и брутален напад и му посакаа добро здравје и брзо опоравување на докторот.
Од Синдикатот потенцираа дека во изминатиот период укажувале на потребата од изготвување законска регулатива за да се обезбеди систем на професионална заштита од физичко и вербално насилство.
МВР пак соопшти дека Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9:30 часот, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ).
А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово.