Артилериска стрелба за Денот на независноста

Илустрација. Воен оркестар

Одбележувањето на 8-ми Септември – Денот на независноста, ќе започне денеска попладне од касарната „Илинден“ во Скопје, со истрелување 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Од МО соопштија дека во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија

Утре со прослава од Владата и повеќе манифестации се одбележуваат 28 години од независноста на државата.

Одбележувањето на 8 Септември ќе почне со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Под мотото „Боите на независноста“ кај Школка во Градскиот парк пак ќе се одржи прослава организирана од страна на Владата. Најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, во рамки на прославата ќе има богата културно-уметничка и забавна програма. .

Во 1991 година по спроведениот референдум македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.