Јавното обвинителство ги презема предметите од СЈО

Јавното обвинителство ги презема во надлежност и натамошно постапување предметите од СЈО, соопштија од Обвинителството.

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на вчера одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се вели во соопштението од ЈО.

Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства.