Обвинетите за несреќата кај Ласкарци не чуствуваат вина

Архивска фотографија од автобусот на Дурмо-турс кој излета на патот Скопје - Тетово кај Ласкарци при што загинаа 16 луѓе

Обвинетите за автобуската несреќа кај Ласкарци пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинети за несреќата се сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, како и возачот Маноил Трифуновски.

Обвинителот Дарко Јакимовски во воведниот говор изјави дека уреди за лажирање на брзината биле ставени во автобусот на „Дурмо Турс“.

Обвинетите се товарат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што загинаа 16 луѓе, а 38 беа тешко повредени.