За евентуалното разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе се расправа денеска, за кога е закажана седницата на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за овој случај.Вчера овој Совет не го прифати барањето за декласификација на извештајот за поведената постапка за разрешување на Катица Јанева со што извештајот останува таен. Таква одлука е донесена бидејќи истрагата за Јанева е сè уште отворена и класифицирањето е за да се заштитат правата на лицата од Извештајот, стои во образложението на одлуката на Советот на јавни обвинители. Одлуката на Комисијата и заклучокот во однос на постапката на разрешување на Јанева се носи со просто мнозинство.