Британските пратеници го отфрлија предлогот на премиерот Борис Џонсон за предвремени избори на 15 октомври. Ова е уште еден голем пораз за Џонсон во изминатите 24 часа. Претходно пратениците го отфрлија неговиот предлог за распуштање на парламентот. Откако стана премиер во јули, Џонсон неколку пати изјави дека не сака предвремени избори. Но, тој го смени мислењето откако ја загуби клучната битка околу неговиот план за Брегзит без договор, бидејќи парламентот прифати нацрт закон со кој се блокира излегувањето на земјата од ЕУ без договор. Овој закон вчера беше усвоен во Долниот дом на парламентот.