Вицепремиерот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи изјави дека во фокусот на средбата на Централното претседателство на партијата се развојот на политички настани во државата во пресрет на големите одлуки за ЕУ и НАТО, како и внатрешната организација, односно подготовката за конгресот на кој ќе се објави новата програма на ДУИ. Тој посочи дека ќе се разговара и за случајот „Рекет“.
„Ќе влијае врз одлуката ЕУ и НАТО доколку не успеваме да ја искористиме таа криза и да ја претвориме во можност. Мислам дека може оваа криза за да ја искористиме како можност и да покажеме пред земјите членки дека еве имавме еден тест, покажавме дека сме зрели да почнеме процес на преговори со Европската Унија“, порача Османи.